Загина возач во Прилепско

Од:

На локалниот пат од село Крушеани до село Обршани во Прилепско, во попладневните часови на 28 април, во сообраќајна несреќа, загина 59-годишен возач.

Како што информираат од МВР, 59-годишниот жител на селото Подвис, управувајќи го својот автомобил „пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата, возачот со возило за брза помош бил пренесен во болница во Прилеп, каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот извршила екипа од прилепската полиција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип