11-кратниот шампион Рафаел Надал (Шпанија) отпадна во полуфиналето на турнирот во шпанскиот град Барселона со награден фонд 2.61 милиони евра.
Надал загуби од Доминик Тим (Австрија) со 4:6, 4:6, а по натпреварот Шпанецот рече дека овој пораз може да му помогне во иднина.
– Има порази кои можат да ми помогнат и оваа е еден од нив. Со оглед на тоа како играв, долго време не сум се чувствувал толку добро на земја. Од моите последни осум натпревари овој е прв кој јас го губам, но играм на нивото, на кое треба да бидам, за да може да играм мирно и со потребната енергија, изјави Надал по поразот