Сообраќајка на влезот во Тетово, загина едно лице

Од:

Жена на околу 50-тина години загина во сообраќајка на влезот на Тетово од правец на Скопје синоќа околу 20 часот. Според првичните информации, жената била сопатничка во автомобил марка „мерцедес“, а до несреќата дошло поради судир со друго возило марка „голф“.

Во близина на првиот кружен тек при влез во Тетово дошло до судирот при што мерцедесот откако се судрил со голфот продолжил со неконтролирано движење и удрил во бандера. Во голфот имало две лица, едно машко и едно женско, кои при судирот се повредени и се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.

Двете возила биле со тетовски регистерски таблици.

Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип