Францускиот производител на автомобили „Пежо“ објави дека планира концептот 208 Хибрид ФЕ да дебитира на Саемот во Женева.
Моделот „Fun and Efficient“ е развиен во соработка со француската компанија „Тотал“ и претставува комбинација на екстремна економичност и екстремни перформанси. Нема официјални фотографии, но во соопштението се наведува дека концептот ќе има аеродинамична каросерија со многу мал коефициент на отпор на воздухот.
Автомобилот ќе биде опремен и со оригинални тркала со пневматици со низок отпор на триење.
208 ФЕ ќе биде за 200 килограми полесен од стандардниот модел поради употребата на делови избработени од компзит и поликарбонат.
Концептот е опремен со 1,0 литарски трицилиндарски бензински мотор и електромотор, поврзани со ЕГЦ менувач. 208 Хибрид ФЕ од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за осум секунди, а емисијата на јаглерод диоксид изнесува 49 грама на километар.