На „Мал битолски Монмартр“ првпат творби и од деца од Египет

Од:

Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, организатор и домаќин на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, соопшти дека денеска заврши конкурсот за испраќање творби за манифестацијата што традиционално се одржува на 24 мај во Битола.

Раководителот на студиото Коста Хаџиантоновски за МИА потврди дека годинава првпат на меѓународниот конкурс се пријавиле и деца од Египет

– Од амбасадата на Египет во Бугарија информиран сум дека деца, талентирани ликовни уметници, испратиле специјална колекција и очекувам до крајот на оваа недела детските цртежи да пристигнат во Битола, истакна Хаџиантоновски.

На адреса на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола во предвидениот рок пристигнале творби од Русија, Белорусија, Кина, Индонезија, Србија, Индија, Бугарија и од други држави.

– Интересно, но вистинска инвазија на детски цртежи годинава регистрираме од Чешка. Тоа е резултат на моето неодамнешно лобирање во Хонг Конг каде се запознав со еден колега од Чешка со кого вршевме жирирање на 11.000 детски ликовни творби за тамошната манифестација која ќе биде идентична со нашата во Битола, посочи Хаџиантоновски.

Пристигнувањето и прифаќањето на творбите за годинашното 32-издание на „Мал битолски Монмартр“ ќе трае до 7 март, до кога се очекуваат околу 20.000 детски цртежи од сите меридијани на светот. Веднаш потоа ќе се изврши жирирање и доделување на наградите, информира Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска