Вeлја сабота

Од:

На Велја Сабота во текот на денот се прават последните подготовки за празникoт, а вечерта се очекува долгоочекуваниот празник. Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова на Велја
сабота имало голем пазар. Селаните од сите околни села доаѓаат на пазар во градот носејќи со себе многу стока за празникот.

За Велигден секој (и најбедните) купуваат јагне или повеќе месо од кое приготвуваат разни јадења. Работата околу приготвувањето на велиденските јадења ја извршуваат жените, кои понекогаш од многу работа не легнуваат до полноќ.

Околу полноќ, пред 12 часот, домаќинката ги разбудува сите домашни за во црква. На сите однапред им дава по едно јајце, свеќа, по едно зелено гранче или цвеќенце. Секој брза да дојде прв во црквата за да ја запали понапред од другите својата свеќа од попот, зашто таа свеќа ја носат дома и од неа си го запалуваат оганот.

Откога сите ќе ги запалат свеќите го чекаат попот и заедно со него пеејќи ја песната „Христос воскресе“ излегуваат на западната врата од црквата и свртуваат три пати околу неа. Потоа постарите остануваат во црквата за големата литургија и на крајот се причестуваат.

Помераклиите се к’цаат во црквата со јајцата и уште веднаш се омрсуваат со нив. Додека тртае литургијата обичај е да се отиде на гробишта каде се запалува свеќа со велигденската, оставаат црвено јајце и им се кажува на мртвите дека дошол Велигден.

Би можело да ве интересира

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Денеска и утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

А1он

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Катерина Ѓуровски

Денеска е Национален ден на Власите

А1он

Следниот петок неработен ден за припадниците на бошњачката заедница

Наум Локоски

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Наум Локоски