Ципрас: Решението со Северна Македонија ја зајакнува динамиката на стабилност и развој во регионот

Од:

Решението на спорот со Северна Македонија ја зајакнува динамиката на стабилност и развој во регионот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговиот говор на вториот форум на високо ниво на модерниот „Пат на свилата“ во Пекинг, јави дописничката на МИА од Атина.

-Решивме 30-годишен спор со нашиот северен сосед, со Северна Македонија и ова ја зајакнува динамиката за стабилност и развој на нашиот регион, но во исто време сме мост на Балканот со Југоисточниот Медитеран, преку трилатералните облици на соработка Грција – Кипар – Египет – Израел и други важни земји во нашиот регион, рече Ципрас.

Грчкиот премиер додаде дека Грција води енергична и мултидимензионална надворешна политика, а во тие рамки се и билатералните стратешки односи со Кина, но и иницијативите со балканските земји.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција