Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар продолжува да создава прашања во врска со неговата иднина со секој збор што го кажува пред медиумите.
Иако од неговото опкружување постојано велат дека Неј Џуниор ќе остане на „Парк де Пренс“, изјавитена Бразилецот се секогаш интересни за следење. „Фокс Спорт“ побара од Нејмар да избере играч со кого не играл и има огромна желба да го стори тоа.
– Сакам да играм со Азар. Тој е поинаков играч. Неговиот стил е сличен на мојот, рече Бразилецот.
Нејмар беше повреден два месеци и не успеа да му помогне на својот тим во осминафиналето на Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед. На социјалните мрежи, излегоа видеа и фотографии за тоа како Неј се забавува на карневалот во Рио, и за ова доби „критика“, вклучувајќи и од поранешните фудбалери.
– Се разбира дека боли. Бев повреден, не можев да играм. Два месеци тренирав. Најмногу ме навредуваше што поранешните играчи зборуваат за тоа. Тие исто така играа фудбал, правеа такви работи, па дури и полоши работи, рече ѕвездата на ПСЖ.
Во однос на напуштањето на Барселона, тој изјави декаго направил тоа бидејќи сакал нов предизвик.
– Предизвикот е да победувам и да барам нови работи, да се сретнам со нови пречки. Барселона е клуб кој секогаш ме возбудува и продолжува да ме возбудува и денес. Имаше моменти кога се двоумев и реков: „Не, нема да заминам“. Така беше во текот на две недели, додаде Нејмар.