Холандски мотоциклист на возраст од 58-години загина вчера во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ниже поле.
Мотоциклистот се судрил со автомобил, со кој управувало 19-годишно лице од Ресен.
Холанѓанецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде починал.
Од МВР велат дека телото на починатиот е дадено на обдукција.