Бугарскиот премиер и на својот профил на Фејсбук, два часа пред најавената оставка на владата, посочува дека ќе направи како што побара народот на улица. Тој повтори дека нема да управува со држава во која полицијата го тепа народот.
„Ние никогаш не сме оделе на избори, за да не критикува некој дека ќе сакаме да ги манипулираме изборите по наши правила. Откако посакаа такво управување на државата, ќе го имаат!
– Јас нема да учествувам во управување во кое полицијата ќе се тепа со луѓе или нема да има политичка дебата, во кое ќе се плашиме од протести. Зошто набљудувам што прават претставниците на БСП, ДСС и Сината коалиција се разбира, тие се оправдуваат со протестот, велат: “Гледате ли луѓето што велат?”, Не вашата политика, туку што велат луѓето на улица! Добро, штом народот сака на овој начин – улицата да управува со државата, така и ќе биде. Значи уште еднаш им благодарам на сите кои не поддржуваа.
– Колеги, (кон членовите на Министерскиот совет) нема да правиме структурни промени денеска, одиме и ја завршуваме седницата.
– На пладне, госпоѓо Цачева, во ред ќе се депонираат оставките на владата, се надевам дека соодветна технологија ќе биде прифатена.
– Ви посакувам убав ден“, напиша Борисов.