(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски е транзициски профитер од непотизмот на СДСМ

Од:

„Стево Пендаровски е олицетворение на транзицијата, лице од службите, заштитник на криминогеноста, 102,5% заштитник на владеење на заевизмот!

Стево Пендаровски гаси микрофони кога меѓу нарачани говорници ќе се спомене бандитизмот на власта, го видовме тоа видовме во Прилеп, само и само да го заштити криминалот за кој што се обиде да зборува прелажаниот граѓанин! Стево Пендаровски нема ни К за криминалот на власта! Тоа е демократот Пендаровски, тоа е заевизмот во него, тоа е 102,5% Заев! Не треба повеќе за да се докаже заштитата на криминалот, на корупцијата, на непотизмот. Гласот за Стево е глас за поддршка на криминалот од власта!“, рече Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стево Пендаровски е транзициски профитер од непотизмот спроведуван од СДСМ аминуван од Зоран Заев. Ниту збор нема за партизацијата на државата, на администрацијата. Кандидат за претседател збор нема за партизацијата, местените огласи кои сега се и докажани. Се знае и зошто. Стево Пендаровски профитира токму од непотизмот и од партизацијата, Пендаровски се надева токму на контингенти гласовите од партизирана администрација. Поинаку не знае, поинаку не умее. Ниту тој, ниту Заев!

Затоа нема критика од Стево ни за криминалот, ни за партизацијата, ни за злоупотребите на државната администрација во кампањата. Глас нема од него за вработувањата и местените огласи од Кирацовски, од Костадинов, од Мира Дизел, од цело СДСМ! Збор немаше и нема да има за полнењето на администрацијата со 3.000 нови партиски војници, деца, внуци, роднини, мајки и дедовци на партиски функционери на СДСМ! Тоа и нема да го слушнете! Се знае и зошто, бидејќи смета токму на тие гласови!

Лага е се што ќе каже! И тој и Заев! Не залудно се 102,5% исти. Човекот кој ги легитимираше најкриминалните избори во Република Македонија, не може и не знае ништо повеќе од расфрлање на празни флоскули во заштита на криминалот корупцијата, во заштита на трговијата со влијание! Пендаровски е наследник на истата политика која во 90тите години на минатиот век ја опустоши Македонија. Тоа е истото пустошење го гледаме и денеска!

Време е да се стави крај на транзицијата. Македонија не смее да се претвори во приватен пашалак, безимена територија на картелот на власт, на опашката на светот. Време е да се стави крај на транзицислите ликови! Време е да се стави крај на луѓето од службите, луѓето кои тргуваат со правдата, луѓето кои легализираа крвави избори, луѓето кои ја минуваат аболиција за криминал од 8 милиони евра.

Македонија нема време за повторно преживување на транзицијата!

Македонија мора да биде држава во која владее правото, Граѓаните да веруваат во правото и правдата. Правдата е на дофат, правдата победува во Македонија. На 5ти мај ќе го зададе последниот удар врз транзицијата!“, изјави Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски