Русија повика на прекин на огнот во Либија

Од:

Москва повика на прекин на огнот во Либија, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин.

– Русија бара „обновување на дијалогот и политичките напори“ промовирани од Обединетите нации, а поддржани од Москва, рече Вершинин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија планира да ја повика самопрогласената Либиска национална армија (ЛНА), предводена од Калиф Хафтар, да прекине со напредувањето кон престолнината Триполи.

Шефот на канцеларијата на Хафтар, Кхеири Ал Тамими вчера присуствуваше на конференцијата за меѓународна соработка во Москва, во организација на руската војска.

Како што пренесуваат странските медиуми, ЛНА планира да го освои Триполи за две или три недели.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети