Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Од:

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија, Киро Здравев за нов претседател на телото што разрешува и избира судии.

Предлогот дојде од членот на Советот, Сашко Георгиев. Мандатот на новиот претседател почнува на 27 април.

Здравев го заменува досегашниот претседател Зоран Караџовски, кому утре му истекува мандатот, а беше на таа позиција 3 години.

На гласањето не се појави судијката Гордана Спиревска, која користела годишен одмор. На седницата е присутен претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. За заменик-претседател е предложен Селим Адеми, кому во октомври годинава му истекува мандатот како член на Советот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација