СДСМ: Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам

Од:

„Факт е дека Сиљновска кога била министерка во првата политичка Влада од независноста, во деведесетите години, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.

Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел.

Сиљановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби.

Во тоа време Сиљановска наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ таа преставувала узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година.

Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

На 5-ти мај граѓаните ќе упатат јасна порака, ќе одберат напредок, сигурна иднина, чесен и искрен човек, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот