Планот за Блиски Исток опсежна визија за мир, но и тешки компромиси

Од:

Американскиот мировен план за Блискиот Исток, чие претставување повеќе пати беше пролонгирано, повторно е актуелен.

Високиот советник на Белата куќа, Џеред Кушнер синоќа најави дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп мировниот план ќе го претстави по завршување на муслиманскиот празник Рамазан, на почетокот на јуни.

Според зетот на Трамп, планот на американската администрација претставува „опсежна визија“ за мир, но предвидува „тешки компромиси“ за двете страни.

Според него САД биле подготвени да го претстават мировниот план кон крајот на минатата година, но беше пролонгирано поради предвремените парламентарни избори во Израел, што се одржаа на 9 април.

– Премиерот (Бенјамин) Нетанјаху оствари голема победа и создава коалиција, а кога тоа ќе биде готово, најверојатно ќе биде средина на Рамазан, така што ќе почекаме до крајот на празникот со објавување на планот, посочи Кушнер. Економска помош, но не и државност.

„Вашингтон пост“ минатата недела повикувајќи се на неименувани извори објави дека мировниот план на Трамп ќе вклучува значителна економски поддршка за Палестинците, но не и очекуваната државност.

Според весникот Вашингтон ќе понуди десетина милијарди долари помош и инвестиции од земјите од Персискиот Залив, како и од Египет и Јордан.

– Економски план дејствува единствено ако е поддржан од регионот… Но, тоа не е така наречен економски мир. Ние сериозно ги земаме во обѕир двата аспекта, политичкиот кој се занимава со клучни прашања и економскиот. Ние сфаќаме дека ако политичкиот аспект не е цврст, економскиот аспект е безначаен. Во исто време, политичкиот аспект нема да успее без соодветен економски план, изјави неименуваниот извор за „Вашингтон пост“.

Во меѓувреме, повеќе од 30 поранешни европски политичари апелираа Европската Унија да ја потврди посветеноста за решавање на деценискиот судир помеѓу Палестинците и Израелците по моделот на две држави и да отфрли секаков план кој не се занимава со палестинска држава.

Нивното писмо беше објавено во британскиот весник „Гардијан“ по најавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе ги анектира еверејските населби на окупираниот Западен Брег.

– Израел и окупираните палестински територии се движат кон реалноста една држава со нееднакви права. Тоа не може да продолжи, бидејќи тоа ќе доведе до далекосежните негативни последици, се наведуваше во писмото.

Продолжува палестинскиот бојкот на американската администрација

Израелските медиуми од почетокот на годината повеќе пати пишуваа за мировниот план означувајќи го како „Договор на векот“. Според нивни информации мировниот план за Блискиот Исток на администрацијата на Трамп предвидува формирање на палестинска држава на 85 до 90 отсто од Западниот Брег, а главниот град на идната палестинска држава би бил лоциран во „поголемиот број арапски квартови“ во Источен Ерусалим.

Додека Палестинците досега не реагираа на најавите за мировен план бидејќи тие ја бојкотираат администрацијата на САД откако Трамп во декември 2017 година го призна Ерусалим за главен град на Израел.

А, и според претпоставената содржина, мировниот план би бил неприфатлив за Палестинците, кои инсистираат седиштето на идната држава да биде во Источен Ерусалим, во која би биле и Западен Брег и Појасот Газа.

Палестинската управа не се согласува со предлози кои не подразбираат држава формирана во границите пред војната во 1967 година, кога Израел го освои Западниот Брег со Источен Ерусалим и Појасот Газа. Според Палестинците неприфатлив е ниту еден предлог со кој не се предвидува палестинска држава во чии граници ќе биде цел Источен Ерусалим, како главен град.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија