Амал Клуни предлага формирање меѓународен суд за терористи

Од:

Познатата адвокатка и борец за човекови права Амал Клуни предложи во Хаг да се формира меѓународен суд за терористи, во кој би им се судело на терористите од т.н. Исламска држава, кои извршија геноцид и злосторства против човештвото во Сирија и Ирак.

Таа потсети дека претходно беа формирани слични меѓународни судови за воени злосторства извршени во Руанда и земјите од поранешна Југославија.

– Во борбата против ИД се обединија 79 држави, па зошто тогаш да не се формира и суд во Хаг, или во тој регион, за да им се суди на милитантите?, праша Клуни на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која зборуваше за сексуалното насилство во вооружените судири.

Според неа, терористите од ИД спроведувале системско силување над жените од заедницата Језиди, поради што апелираше одговорните за тоа да одговараат за извршените злосторства.

– Цел на глобалната коалиција е пораз на ИД, но тоа не е можно без задоволување на правдата. Само воен успех – не е решение, порача Клуни.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува