Македонските претставници во СЕХА лигата, Металург и Вардар Про, вечерва ќе одиграат натпревари од 13.коло.
Во Скопје кај Металург ќе гостува последно пласираната Слога Добој, а дуелот во салата во Автокоманда почнува во 18 часот.
Шампионот во ова натпреварување Вардар Про ќе се појави на теренот во Љубишки кај Извиѓач. Почетокот на овој натпревар е во 19 часот.
Вчера се одигра и еден натпревар од 11.коло. Татран Прешов го победи Ловќен со 36:29. Табела: Мешков Брест 28 бодови, Загреб КО 26, Металург 24, Вардар Про 23, Ловќен 23, Татран Прешов 22, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 0.