Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со блиндиран воз пристигна во Владивосток на првата средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Руските медиуми јавија дека возот пристигнал на железничката станица во Владивосток во 17:50 часот по локално време, а севернокорејскиот лидер бил пречекан во воен оркестар на гардата.
Разговорите во Владивосток се прва средба на Ким и Путин. Првата станица во Русија на Ким беше местото Хасан во близина на границата, каде руските домаќини на севернокорејскиот лидер му приредиле традиционално добредојде со леб и сол.
– Ме радува посетата на Русија, рекол Ким откако излегол од возот во Хасан каде го пречекал рускиот министер за Далечен исток и Арктик Александар Козлов.
– Многу имам слушано за вашата земја и долго време сонував да ја посетам. Веќе седум години сум на чело на земјата, а дури сега успеав да ве посетам, рекол Ким.
Ким и Трамп утре ќе одржат официјален состанок, а вечерва, според локалните медиуми, треба да имаат заедничка вечера.