Реисот Реџепи дојде во ИВЗ, но нема да има средба со Бузаку

Од:

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, за „А1он“ вели дека е невозможно реисот Сулејман Реџепи да оствари средба со Скендер Бузаку, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу нив двајца, по вчерашните тензии.

Актуелниот поглавар на ИВЗ Реџепи дојде во седиштето, но не сакаше да коментира ништо во врска со преземањето на ИВЗ од страна на Скендер Бузаку.

Реџепи само кратко искоментира дека ќе има средба со Киро Стојанов, бискуп на Скопската бискупија, кој, исто така, пристигна во ИВЗ и дека немал контакт со ниту една политичка партија, откако вчера ги повика да го поддржат во ситуацијата во која се наоѓа.

Во седиштето на ИВЗ пристигна и генералниот секретар.

Превирањата во ИВЗ кои почнаа вчера се за смена на поглаварот Реџепи, на чие место треба да седне Скендер Бузаку, а за тоа дека ситуацијата била тензична сведочеше и зголеменото полициско присуство. Бузаку тврди дека за ваквата смена постои и судска одлука и дека законот треба да се почитува.

Реџепи за сѐ ја обвини Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и рече дека никогаш нема да го признае директорот на Комисијата, Даријан Сотировски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска