Во „Матица ексклузив“ вечер ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Владо Георгиевски.
Изложбата ќе ја отвори писателот Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудио визуелни ументости Париз – Скопје -Њујорк.
Георгиевски со својот специфичен ликовен израз побудува интерес кај љубителите на уметноста, а критиката неговите дела ги вреднува меѓу најзначајните остварувања во македонската ликовната уметност.
Изминатите години тој направил самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Кракпов, Истанбул и Софија, а учествувал и на повеќе домашни и меѓународни колонии.
Георгиевски е годинашен добитник на наградата „Нерешки мајстори“.