Тензично пред седиштето на ИВЗ, каде што се одржува состанок за смена на поглаварот Сулејман Реџепи, а на негово место треба да седне Скендер Бузаку.
Скендер Бузаку, претендентот за поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), попладнево изјави дека ИВЗ треба да ја почитува судската одлука, тој да биде новиот поглавар.
Тој ова го кажал пред да влезе на состанокот во ИВЗ каде што атмосферата била тензична бидејќи актуелниот поглавар Сулејман Реџепи се противи да ја напушти функцијата.
„Има судска одлука, таа треба да се почитува. Се шират шпекулации за некаков преврат, но тоа не е точно, си има закон и тој треба да се почитува“, изјавил Бузаку.
Пред ИВЗ попладнево има видливо присуство на полицијата откако се прошири веста за наводно ескалирање на ситуацијата и обид за преврат.
Засега нема информации дали имало посериозни инциденти, а состанокот се уште трае.
Досега и претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.