Путин на средба со Ким на 25 април, а ден подоцна со Си

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток на 25 парил, а ден подоцна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, соопшти денеска советникот на Кремљ Јуриј Ушаков.

Во фокус на разговорите Путин и Ким ќе биде „мирно решавање на нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров“, изјави Ушаков.

Медуми претходно јавија дека Влдивосток се подготвува да ги пречека Ким и Путин.

Во тој руски град забележани се припадници на севернокорејското обезбедување и протоколот, кои ги прават последните подготовки.

Се шпекулира дека Ким најверојатно ќе пристигне во Владивосток со воз, а за патувањето по пруга долга 1.200 километри, ќе му бидат потребни 20 часа.

Знамиња на двете земји се истакнати на главните сообраќајници каде што треба да минат делегациите, како и на рускиот Далекуисточен федерален универзитет, каде е можно да се одржи состанокот.

Медиуми забележале црн „мајбах“, ексклузивниот автомобил на Ким и „мерцедес бенц С- класа“.

Во Владивосток пристигнала сестрата на Ким, Ким Јо Џонг и други официјални лица.

Во Пекинг на вториот форум „Појас и пат“, кој се одржува од 25 до 27 април, ќе учествуваат повеќе од 40 шефови на држави и влади, меѓу кои и Путин.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети