Половина час по полноќ на „Меѓународниот аеродром Скопје“ пристигнал авион што сообраќал на релација Базел-Скопје, и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.
Како што соопшти МВР, во 00.50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.