Утре можна средба Путин – Ким во Владивосток

Од:

Оклопниот воз на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се очекува утре да пристигне во градот Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде првиот човек на Северна Кореја ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, објавија дел од руските медиуми.

Во исто време, севернокорејските медиуми јавија дека Ким „наскоро“ ќе ја посети Русија, без да прецизираат точен датум на посетата и неговата средба со Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера соопшти дека Путин и Ким ќе се сретнат „до крајот на месецов“, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата.

Тој нагласи дека подготовките за состанокот се во завршна фаза, истакнувајќи дека повеќе не може да даде никакви информации.

Москва претходно соопшти дека местото и датумот на средбата Путин – Ким не ги објавува поради „безбедносни причини“.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети