Шест патници загинаа денеска кога мал авион се урна додека се подготвуваше да слета во централниот дел на Тексас, објавија американските власти.
Патнички авион се урна во 9 часот утрото по локално време, кога се приближуваше кон аеродромот Кервил, околу 110 километри северозападно од Сан Антонио, изјави портпаролот на Федералната администрација за воздухопловство (ФАА).
Авионот полета од аеродромот лоциран недалеку од Хјустон и се урна околу 10 километри северозападно од аеродромот Кервил, изјавија официјални претставници на ФАА.