Трет ден референдумско изјаснување за измени на египетскиот Устав

Од:

Египќаните трет и последен ден гласаат за уставните амандмани кои ќе му овозможат на претседателот Абдел Фатах ал Сиси да остане на функција до 2030 година.

Критичарите оценуваат дека референдумот е уште еден чекор кон враќање на авторитативното владеење осум години по Арапската пролет.

Опозициските партии ги повикаа граѓаните да не гласаат на референдумот, но тие имаат мало влијание во Парламентот, каде мнозинството се приврзаници на Сиси.

Парламентот на Египет на 16 април со 531 гласови „за“ и 22 „против“ изгласа измени на Уставот, со кој се предвидува продолжување на претседателскиот мандат од четири на шест години, но и посебна измена со која актуелниот мандат на Сиси би бил продолжен на шест години и ќе му дозволи учество на изборите во 2024 година.

Со измените ќе му биде дозволено на претседателот и да именува судски претставници, да ја зајакне армијата и да формира Горен дом на Парламентот.

Официјалните резултати од референдумот треба да бидат објавени за една недела.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски