(ВИДЕО) Сиљановска: Ако на моите се додадат гласовите на Река, приказната е јасна

Од:

Не сум човек кој потонува во триумфализам, знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови и ако на тие ги додадеме оние на Блерим Река како независен кандидат поддржан од две партии приказната е јасна – обајцата ние зборувавме за крај на корупцијата, за демократија, приказната е демократска и европска. Во спротивно ќе останеме закопани во транзицијата, рече кандидатката за претседателка на државата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова.

„За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим во кој отсуствува владеењето на правто, систем потонат во корупција, криминал и непотизам, тоа е најважно, значи опозицијата успеала навистина не само да им предочи туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда ние можеме да си раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО зошто само со исполнување на Копенхагешки критерум може да се добие почеток на преговори“, рече таа.

Сиљановска-Давкова порача дека мора да се стави крај на транзиционите профитери, недочуените, фрустрираните кои во сиот период на самостојна и независна Македонија трчале од функција на функција и сега сакаат да завршат со највисоката – претседател на Република Македонија.

„Но мислам дека на оваа земја ѝ треба нов профил на политичари, не оние од комунизмот, нов профил на политичка култура, нов профил на лидерство – европско храбро и интелектуално“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа рече дека претседателските ги поврзува со предвремени избори. „Ако беше владата сериозна уште вечерва ќе размислуваше еднаш да се опстои на зборот и да рече време е да го тестираме системот, за кој велиме дека е најдобриот ама народот не го потврдува тоа“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа рече дека многу време ѝ требало да одчучи дали да прифати ваков предизвик. Но, додаде таа, има во животот моменти кога си велите дека должни сте да ставите едно камче во демократскиот мозаик зошто вака како да се вртиме во круг.

„Во кругот се вртат исти личности, уште се лидери на партии до неодамна беа пратеници или пак нивни клонирани наследници, истата реторика, заложби и истите тврдења и мислам дека треба да ставиме крај на сево ова. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам. Моите тези се јасни, потврдени во регионот, во некои држави. Македонија не е само слаба држава, туку и во многу елементи е пропадната држава, потребен ѝ е радикален пресврт. Колку што тие ќе удираат ниско, толку ние ќе се качуваме повисоко“, рече Сиљановска-Давкова.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он