Укината забраната за тешки товарни возила на кракот Маврово – Дебар

Од:

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крак-Маврово-Дебар.
На другите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Управата за хидрометеролошки работи информира дека досега најмногу снег има паднато во Маврови Анови (69 сантиметри), Лазарополе (27 сантиметри) и Крушево (20 сантиметри).

Од утре се очекува стабилизирање на времето. Ќе биде сончево со локална облачност и утринска температура од -5 до 0 степени. Дневната температура ќе се движи од 4 до 10 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до -3 и дневна околу 8 степени.

Од четврток поради серија влажни бранови ќе има повремени дождови, но температурата ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата