Ѓоковиќ за поразот во Монте Карло: Ова е мој прв турнир на земја, сезоната е прилично долга

Од:

Носителот на 15 титули Гренд-слем титули и двократен шампион во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ ги сподели впечатоците од поразот во три сета против Данил Медведев во четвртфиналето на турнирот во Кнежевството.

Откако го освои Австралија Опен, Ноле се уште нема пласман во полуфинале во ниеден турнир во кој учествувал, откако отпадна во третиот круг и на претходните „Мастерс“ турнири во кои учествуваше – Индијан Велс и Мајами.

– Бев во предност во резултатот и во трите гема, кои ги изгубив во последниот сет. Имав дури и гем-топка, но понекогаш се случуваат такви нешта – некои лоши топки, некои кратки топки, неколку двојни грешки и на земја сè се врти за секунда. Очигледно, сè уште немам такво трпение и желба да играм во подолгите поени. На крајот на вториот сет веќе јапронајдов играта и играв доста добро, но направив премногу неизнудени грешки во текот на целиот натпревар. Тој беше многу трпелив и многу добро играше на тактички начин, изјави Ноле веднаш по мечот.

Според Ѓоковиќ, големата цел пред него е Ролан Гарос.

– Токму тогаш се обидувам да ја пронајдам најдобрата форма на земја. Ова е едвај мојот прв турнир на земја, па сезоната е прилично долга и ќе видиме што ќе се случи, сумираше Ѓоковиќ.

Следниот турнир за светскиот рекет бр.1 ќе биде „Мастерсот“ во Мадрид од 5 до 11 мај.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех