Поранешен член на Ал каеда и британската разузнавачка служба во разговор за унгарскиот неделник „Хетек“ изјави дека многу опасни поединци слободно шетаат по Европа и дека мигрантската криза претставува потенцијална закана за Европа.
Тој вели дека моментално се чувствува побезбедно на улиците во Будимпешта, па дури и Саудиска Арабија, отколку во Париз и Брисел, каде што се движат „многу опасни поединци“.
Според поранешниот член на Ал каеда, муслиманските мигранти мора да се интегрираат во општеството и дека треба да бидат благодарни што се прифатени и имаат поголема слобода да се однесуваат во согласност со сопствената религија во Европа отколку каде било во арапскиот свет.
Тој додава дека почнал да ја губи вербата во таа организација во тој момент кога почнала да таргетира цивили.
Инаку, бил регрутиран од страна на британската тајна служба додека бил во болница, а за време на неговата работа помогнал да се спречат неколку напади и да се фатат некои терористи, вклучувајќи и негови стари пријатели. Кога е разоткриен како таен агент бил принуден да ја напушти службата.