Етнос: Грчките земјоделци ќе ги отстранат блокадите до крајот на неделата

Од:

Грчките земјоделци ќе ги отстранат блокадите до крајот на неделата. Земјоделците од северниот и од централниот дел на земјата планираат постепоено да ги повлечат тракторите од патиштата, објави електронското издание на „Етнос“.

За утре е планирано земјоделци и трактори да пристигнат во областните центри, каде ќе има протести организирани од двата најголеми синдикати во земјата ГСЕЕ и АДЕДИ.

– Целта ни е да има силно присуство на земјоделци и земјоделски машини и трактори на демонстрациите, за да покажеме дека сме блиску до граѓаните, кои водат битка, изјави земјоделецот Христос Годиас од блокадата во реонот на градот Драма.

На магистралниот пат Атина-Солун во реонот на градот Ламија вчера се судрија полицијата и земјоделците, кои се обиделе да го запрат движењето на автомобилите. Полицијата употреби солзавец.

Протестите на грчките земјоделци траат веќе четврта недела.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк