Истражните органи сметаат дека причина за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што избувна во понеделникот, е краток спој, изјави денеска неименуван претставник на француската судска полиција.
Тој нагласи дека поради безбедносни причини истражителите се уште не добиле дозвола за влез во катедралата и за пребарување на урнатините.
Претходно денеска, францускиот министер за култура Франк Ристер соопшти дека експертите стравуваат од можно уривање на три главни елементи на структурата на катедралата и во тек се активности за нивно зајакнување.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави петгодишен план за обнова на Нотр Дам, кој некои експерти го оценија како премногу амбициозен, проценувајќи дека процесот за обнова би можел да трае и до 15 години.