Чиамба: Договорот од Преспа е модел за управување со билатералните прашања на европски начин

Од:

Договорот од Преспа е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион, па дури и за извор на инспирација, вели министерот за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека решението меѓу Северна Македонија и Грција е модел за управување со билатералните прашања на европски начин.

Романскиот министер им честита на двете страни „за храброста и решителноста заедно да испишат историја.

-Договорот од Преспа е модел за управување со билатералните прашања на европски начин. Договорот за прашањето за името меѓу Грција и Република Северна Македонија е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион, па дури и за извор на инспирација, вели романскиот министер за европски прашања во интервјуто.

Чиамба ја истакнал важноста на потпишувањето на договорот од Преспа, на ратификувањето од Парламентите во Скопје и Атина со што се отвори патот за Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, а потенцирал дека „Романија беше меѓу првите земји партнери на НАТО што го ратификуваа протоколот“.

Министерот за европски прашања на Романија, за АНА-МПА, говори и за европската перспектива на Западен Балкан, велејќи дека романското претседателство ќе продолжи да го охрабрува и подржува овој тек.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ