Пристигнати новите 12 возила за Итната медицинска помош, заштедени 200 илјади евра

Од:

Пристигнати се 12 – те нови возила за Итната медицинска помош, извести министерот за здравство Венко Филипче. Во следните денови тие ќе бидат регистрирани и пуштени во употреба. Шест од новите возила ќе останат во Скопје, а останатите ќе бидат распоредени во другите градови низ државата каде што се најпотребни.

Електронската аукција за набавка на возилата беше спроведена во ноември 2018 година.

„ При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра“, објави министерот Филипче на„Фејсбук“.

Минатиот месец министерот давајќи отчет за набавката на новите возила рече дека имале на располагање 30 милиони денари, а потрошиле 18 милиони поради пониската постигната цена. Бидејќи средствата се наменски, министерот Филипче најави дека со парите што остануваат може да се направи нова набавка.

Би можело да ве интересира

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ