ВМР0-ДПМНЕ: Вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ штрајкуваат

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]ВМРО-ДПМНЕ од Куманово изјави дека вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ штрајкуваат и не го собираат сметот, бидејќи не зеле плата, на што тие предупредувале години наназад.

– Директорот Сашо Петрушевски го нема на своето работно место да им ја објасни новонастанатата состојба на вработените. Исто така Општината нема средства да одговори на своите обврски кон ова претпријатие. Незадоволството од моменталната состојба во ЈП „Водовод“ исто е драматична. Постои јавно несогласување со политиката за неизлегување на локалните избори и со Бранко Црвенковски, кој ги држи во заложништво сите членови на СДСМ – изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Стојановски.

Стојановски додаде дека доколку победат на претстојните локални избори, нема да постои реваншизам кон оние кои чесно и одговорно си ја вршеле работата.

-ВМРО – ДПМНЕ е демохристијанска партија и нема намера да се одмаздува на вработените од другата политичка опција. За нас пред се, тоа се граѓани на Куманово – истакна Стојановски, кој додаде дека нивниот кандидат Зоран Ѓорѓиевски и советниците ќе покажат како се работи за интересите на градот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?