ВМРО-ДПМНЕ: Нападот врз екипата на ТВ21 е чин на примитивизам

Од:

„Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизиск екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира.

Стево Пендаровски е се по нервозан. На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз.

Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби.

Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби. Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.

Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија, за право и правдина!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ