Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нов тип тактичко навигациско оружје.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, лично го набљудуваше лансирањето на оружје на Академијата за одбранбени науки.
Ким изјави дека „развојот на вооружениот систем служи како настан од голема важност за зголемување на борбената способност на Народната армија”.
Соопштението од Северна Кореја доаѓа во момент кога се појавија извештаи дека е забележана активност во истражувачките центри на Северна Кореја, за кои се верува дека служат за развој на ракети со голем дострел, кои би можеле да ја погодат територијата на САД.
Белата куќа соопшти дека е запозната со настанот, но не коментираше ништо.