(ВИДЕО) Костадинов: Сиљановска не знае колку војници има армијата и не може да биде Врховен командант

Од:

„Гордана Сиљановска покажа дека не си го познава народот, бега од граѓаните, не ја почитува ниту јавноста, ниту новинарите.

Покрај ова, Сиљановска покажува дека не ги познава клучните прашања под директнанадлежност на Претседателот на државата.

Сиљановска сака да стане врховен командант на вооружените сили а не го знае бројот на војници во Армијата.

Крјано неодговорно, несериозно и големо незнење на тема директно поврзана со безбедноста на државата“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Северна Македонија не смее да си дозволи да има врховен командант на војската кој нема основни познавања, клучни за безбедноста.

Недозволиво е некој кој сака да биде врховен командант да не знае со колкава армија располага.

Таквото непознавање може негативно да влијае врз безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Сиљановкса не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира.

Затоа, во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај граѓаните ќе одберат виситнски претседател, вистински врховен командант на кого армијата и македонските војници ќе му бидат во фокусот.

Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за вистински претседател на државата и врховен команданр на Армијата“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски