Тој е херој на Франција, влета во пламенот за да ги спаси реликвиите

Од:

Пожарот во Нотр Дам привлече големо внимание во светот, а Франција во пожртвуваноста да се спасат вредните работи го виде новиот херој.

Свештеникот Жан Марк Фурние покажа храброст кога огнот почна да ја зафаќа целата катедрала, но сепак влезе внатре со пожарникарите.

Тој успеа да спаси две од најзначајните реликвии од Нотр Дам: Христовиот сакрамент и круната.

-Свештеникот е апсолутен херој. Не покажа ниту малку страв, влезе во огновите и отиде право кон реликвиите, рече еден од пожарникарите.

Фурние и во 2015 година по масакрот во кој беа убиени 89 луѓе беше на услуга на францускиот народ, поддршка на ранетите и на семејствата на убиените.

Фурние бил и во мировна мисија во Авганистан, а во 2004 година преживеа заседа во која биле убиени 10 војници.

Пожарот во Нотр Дам не ги оштети бакарните скулптури на 12 ученици на Христос и четворицата евангелисти, бидејќи во процесот на реконструкција биле отстранети. Некои позначајни слики се оштетени од чадот и водата на која биле изложени.

Би можело да ве интересира

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата

A1on

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година

Концерт на Бадник во Нотр Дам

Ана Ололовска

Почна обновата на оргулите во Норт Дам

Жарко Настоски

Макрон бара обнова на „Нотр Дам“ во согласност со претхониот изглед

Ана Ололовска

ВИДЕО: Макрон им се заблагодари на „оние кои ја спасија“ Нотр Дам де Париз

Ана Ололовска