ВМРО-ДПМНЕ: Народот покажа дека има достоинство и одби да даде поддршка на СДСМ и Пендаровски

Од:

„Граѓаните на Република Македонија се спротивставија на Заев и Пендаровски и нивните антидржавни и криминални политики. Народот покажа дека има достоинство и одби да даде поддршка на СДСМ и Пендаровски.

Дебаклот со слабата посетеност на централниот митинг во Скопје е доказ дека граѓаните се против уништувањето и уназадувањето на државата од страна на криминалниот картел на власт.

Ниту со закани, уцени и притисоци власта не успеа да ги натера граѓаните да се качат во автобусите за да присуствуваат на митингот на Пендаровски, човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.

Граѓаните порачаа дека се против економија која стагнира, непотизам, против узурпирано здравство, уназадено образование, заробени институции, и против неспособноста на власта да донесе просперитетна иднина.

Граѓаните порачаа и дека се против продавање на државните интереси, погазување на правото, Уставот и законите.

Зоран Заев и Стево Пендаровски се лице и опачина на иста паричка. Тие се олицетворение на криминалот, корупцијата и неспособноста кои станаа симбол на владеењето на СДСМ.

СДСМ и Пендаровски ја носат државата кон дното, граѓаните живеат во беда и сиромаштија, а Заев со картелот и нивните семејства постојано се богатат.

Државата повеќе не смее да тоне и уназадува. Македонските граѓани заслужуваат правда, квалитетен живот и сигурна иднина за нив и нивните деца.

Со рекордниот број на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје граѓаните испратија порака дека на Република Македонија потребни и се промени веднаш.

Граѓаните порачаа дека следен претседател ќе биде професорката Гордана Сиљановска Давкова, а на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори за оваа ненародна власт конечно да си замине. Граѓаните се за правда за Македонија. Татковината повикува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски