Постои можност Македонија да не добие пролетен извештај од Филе?

Од:

Постои можност, Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, да донесе одлука да не подготви пролетен извештај за Македонија, доколку не се најде решение за политичката криза во државата.

Повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, Весникот „Дневник“ пишува дека фрустрацијата од сегашната политичка состојба во Македонија, влијаеше на тоа Филе да ја откаже посетата во нашата држава, која требаше да се одржи минатата недела.

Откажувањето на посетата според нив треба да го сметаме како јасна порака дека неговото трпение има граници.

-Можно наместо со извештај да излеземе само со забелешка, дека се обидовме, но немаме за што да известиме за Македонија, велат извори од Европската комисија.

Според нив дијалогот помеѓу македонската власт и Брисел е во мирување, додека не се надминат недоразбирањата помеѓу власта и опозицијата во државава.

За „Дневник“ и дипломатски извори од Скопје потврдиле дека Европската комисија најверојатно нема да излезе со извештајот кој требаше да биде подготвен до крајот на април.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството