Тер Штеген пред дуелот со Јунајтед: Од првата минута ќе започнеме со мисла за победа

Од:

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген изјави дека Каталонците не се Пари Сен Жермен и нема да дозволат на Манчестер Јунајтед да направи сличен пресврт каков што „црвените ѓаволи“ остварија на „Парк де Пренс“.

– Манчестер Јунајтед ќе бара задолжителна победа. Тие докажаа дека можат да освојат клучни натпревари како гости и нашето водство не е многу големо. Ние не само што ќе мора да го браниме водството што го имаме, туку ќе мораме да покажеме дека сме подобри од нив.

Имам добро претчувство пред натпреварот и целосно сме фокусирани. Ние сме 100% подготвени за овој дуел и од првата минута ќе започнеме со мисла за победа, изјави Тер Штеген на пресот пред утрешниот меч.

Според него Давид де Хеа е еден од најдобрите голмани во светот и има многу силна сезона.

– Тој е еден од најважните играчи на Манчестер Јунајтед. Сигурен сум дека неговата цел е како моја. Манчестер Јунајтед има и многу брзи играчи кои можат да ги отежнат нашите животи. Ние мора да излеземе и да доминираме во играта. Играме различно од ПСЖ, но Манчестер Јунајтед е многу опасен тим и резултатот од првиот натпревар, исто така е многу опасен, бидејќи предноста ни е мала.

Не само што треба добро да се браниме, туку и да направиме чекор напред. Ние мора да ја контролираме топката и нападот, да создаваме опасности. Се разбира, нашата цел е да ја задржиме мрежата „сува“, но мораме да ја зголемиме предноста што ја имаме. Треба да бараме гол, а не само да се браниме, додаде Тер Штеген.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ