„Ел Паис“: Асанж во амбасадата возел скејтборд и се расправал со персоналот

Од:

Ко-основачот на Викиликс Џулијан Асанж, по седум години минати во еквадорската амбасада во Лондон, во четвртокот беше уапсен од страна на британската полиција, откако Еквадор му го укина азилот.

Весникот „Ел Паис“ објави дека во периодот до 2017 година за обезбедувањето и поставувањето камери во амбасадата била задолжена шпанска фирма од Кадиз. Снимките покажуваат дека Асанж времето го минувал обидувајќи се да вози скејтборд, но и примал доста посетители. Фирмата испраќала извештаи за тоа кој го посетувал во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Но, тој исто така често влегувал и во расправии со вработените во Амбасадата, а посебно со персоналот задолжен за обезбедување.

Нему, исто така му се забележува и дека оставал голем неред во бањата, а ниту неговиот мачор, како што пишуваат американските медиуми, не се однесувал ништо подобро.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори