Цената на нафтата од почетокот на годинава се зголеми повеќе од 30 отсто

Од:

Цената на нафтата минатата недела на светските берзи повторно се зголеми и достигна најголема вредност.

На лондонската берза цената на барел нафта минатата недела се зголеми за 1,7 отсто, на 71,55 долари, додека на американската берза барелот поскапе за 1,3 проценти, на 63, 89 долари.

Од почетокот на оваа година цената на нафтата се зголеми повеќе од 30 отсто и така достигна највисоко ниво од почетокот на ноември 2018 година, благодарејќи на намаленото производство од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Цената на „црното злато“ се зголемува и поради санкциите на САД врз нафтениот сектор на Иран и Венецуела, што дополнително ја ограничува понудата на пазарите. Понудата може да биде намалена и поради судирите во Либија меѓу меѓународно признатата либиска влада и бунтовничките сили.

Од друга страна, последните податоци од Кина даваат надеж дека втората по големина светска економија би можела да се стабилизира. Тоа може да ја поддржи побарувачката, имајќи предвид дека Кина е најголем светски потрошувач на суровини.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот