Ким Џонг-Ун има нова титула – „Лидер на сите Корејци“

Од:

Ким Џонг-Ун има нова „титула“ – „Висок претставник на целиот Корејски народ”, и така во иднина ќе го нарекуваат државните медиуми.

Новата титула за првпат беше регистрирана пред неколку дена во пораките за новоизбраниот состав на Врховното народно собрание – севернокорејскиот Парламент.

„Претензиите да биде лидер на сите Корејци е во согласност со долгорочната цел на Ким да обедини Корејскиот Полуостров под свое раководство”, напиша експертот за Северна Кореја од Виенскиот универзитет Рјудигер Франк во „38 Север” (38 North), новинарски сајт на американо-корејскиот институт.

Иако владата во Сеул се уште нема официјален одговор, јужнокорејските аналитичари се сомневаат дека новата титула на Ким може да послужи за понатамошно консолидирање на неговата позиција. Досега, Пјонгјанг избегнуваше да претендира отворено за лидерство на целиот Корејски полуостров.

„Тоа е причината зошто новата титула е прекин со минатото, и е отворен предизвик за улогата на Јужна Кореја и нејзиниот претседател”, пишува Френк.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт