Најмалку седум лица загинаа откако изутринава воен авион се урна во кварт на јеменскиот главен град Сана.
Според локален полициски претставник, покрај пилотот, шест загинати се цивили.
Авионот се урна во близина на Плоштадот на промената, кој беше центар на протестите против поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех.