Српски државјанин, кој бил уапсен во близина на селото Ибарско Поштење во општина Лепосавиќ, бил ослободен по сослушувањето, а случајот ќе се води во редовна судска постапка, соопшти косовската полиција.
Лицето е осомничено за шверц на 400 литри нафтени деривати, кои биле одземени, како и 430 евра и возило, објави РТС.
Со одлука на обвинителот стоката и возилото биле испратени на терминалот на административниот премин.