Мицкоски: СДСМ доживеа фијаско во Скопје

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНE на митинг од граѓаните во Градско побара да не подлегнуваат на закани и протисоци.

-Немојте да дозволите никој да ве уплаши, немојте да дозволите никој да ве уцени. Иако сум свесен за притисоците коишто се прават, затоа што деспотот е на колена, СДСМ е на колена, а овие избори само побргу ќе го бутнат за земја, истакна Мицкоски.

Тој од Градско потенцираше дека со овие избори ќе добие Македонија, а ќе изгуби СДСМ и тие малкумина клиенталисти околу деспотот Заев, па затоа е потребна голема победа на 21 април, а потоа и на 5 мај.

Мицкоски рече дека со денешниот митинг на СДСМ, тие доживеале фијаско во Скопје , немало луѓе кои ги поддржувале, и СДСМ не успеал да собере ни петмина од тоа што успеа ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот вчера да ја поздрави новата хероина, новата претседателка на Република македонија, професорката Гордана Сиљановска Давкова.

-Готов е, и доаѓа денот затоа ни е потребно сите ние, еден до друг да застанеме, да се обединиме, сплотиме, рамо до рамо, грб до грб да си бидеме потпора еден на друг, затоашто потребно е да ја осолободиме Македонија од канџите на Зоран Заев и Пендаровски Стево, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

А1он

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи