Четири лица настрадаа во налет на торнадо во јужниот дел на САД.
Вкупно 13 такви бури ги погодија Тексас и Мисисипи.
Повеќе куќи и деловни објекти во Висконсин и Хамилтон, Мисисипи, се оштетени, а дел од потрошувачите останаа без електрична енергија.
Претходно беше соопштено дека две деца починале, а десетици луѓе биле повредени од торнадо во Френклин, Тексас. Во болница се примени 25 лица, со повреди од различен степен.
Повеќе од 150.000 домови и деловни објекти останаа без струја во Тексас, Мисисипи, Мисури, Алабама и Луизијана.