Украина: Зеленски не се појави на закажана дебата, Порошенко остана сам

Од:

Само една недела пред вториот круг од претседателските избори во Украина, имаше необична ситуација, еден од кандидатите, Володимир Зеленски, не се појави на закажаната дебата со противкандидатот и актуелен претседател Петро Порошенко.

Дебатата беше закажана на најголемиот спортски стадион, а не биле пуштени и гледачите, кои останале пред стадионот и од голем екран гледале како Порошенко одговара на новинарските прашања.

Зеленски го повика Порошенко на дебата на стадион два дена пред вториот круг, кој треба да се одржи на 21 април, но актуелниот претседател на Украина одби, и сакаше таа да се одржи денеска.

Зеленски вели дека не прифатил дебатата да се одржи денеска.

Кратко потоа, Порошенко го повика Зеленски да дојде на дебата в понеделник.

–Владимир Александровиќ, ве повикувам да учествувате во емисијата „Слобода на говор” што ќе се емитува на ИЦТВ. Утре ќе бидам таму. Не плашете се – нема ништо страшно во дебатите, рече Порошенко.

Во првиот круг на претседателските избори, кои се одржаа на 31 март, Зеленски освои 30,24 отсто од гласовите, а Порошенко 15,95 проценти.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата